| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе сонце денеска

soncevoДенеска се очекуваат повеќе сончеви периоди. Најголем дел од земјата ќе има релативно суво време. Попладне и дел од вечерта повремен дожд ќе има во западниот дел од земјата. Во текот на вечерта услови за повремен дожд ќе има и во околината на Кожуф.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Температурата во текот на денот ќе биде со малку повисока вредност во однос на среда. Максимална температура околу 27°С се очекува во северната половина на земјата, во југозападниот регион околу 25°С. Најтопло ќе биде на југоисток, до 31°С.

Во скопската котлина се очекува претежно сончево време со повремена умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната вредност на температурата ќе достигне 29°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top