Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија пред учесници на 79. Меѓународен трговски саем во Солун.
По цела деценија отсуство од овој саем, ова е прва година во која Македонија учествува со свој штанд на кој може да се добијат информации за македонската бизнис клима. На средба на министерот Наумоф со претседателот на Саемот Тасос Дукас се потврдени намерите за зацврстување на билатералната соработка.
Во тек на престојот во Грција, министерот Наумоф одржа презентација пред бизнисмени од Украина, Бразил и Блискиот Исток, а имаше и средби со истакнати грчки бизнисмени кои покажааа интерес за инвестирање во Македонија, соопшти Кабинетот на министерот Наумоф.
Бизнис можностите за инвестирање во Македонија се презентирани и пред членовите на Асоцијацијата на бизнисмени во Грција. Некои до нив, се вели во соопштението, го потврдија својот интерес за посета на Македонија.
Министерот Наумоф остварил средба и со сопственикот на грчката компанија Харма Фруит, Христос Келесидес кој инвестираше во Македонија во центар за пакување и складирање овошје во Ресен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


