| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен бројот на заболени и угинати овци од „син јазик“ во Источниот регион

ovci-i-kravi-620x311

Сточарите од источниот регион денеска предупредија дека болеста „син јазик“ веќе ескалира и оти се зафатени сите предели во овој крај. Секојдневно, како што посочуваат, угинуваат од пет до 20 овци.

Тие заедно со претставници на Федерацијата на фармери и на ветринарните служби се обидоа да најдат решение за да се сопре ширењето на болеста.

Првичните заклучоци од состанокот се да се најде начин да не се шири болеста и да се побара обештетување.

– Имам 300 овци, а 20 веќе се заболени, изјави Стефчо Јованов од кочанското село Теранци.

Потпретседателот на Федерација на фармери, Љупчо Станковски посочи дека сточарите не смеат и да ги молзат овците, ниту пак да произведуваат сирење.

Според него, треба да се настапи поенергично и да се реши проблемот без оглед на финансиските средства.

Директорот на Ветеринарна станица од Штип, Крсте Митев истакна дека болеста се шири и оти нема стадо кое што не е зафатено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top