| четврток, 6 декември 2018 |

Голем петочен концерт на Македонската филхармонија во Свети Николе

filharmonija-2

Македонската филхармонија, во петок во 20 часот, ќе одржи концерт во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Свети Николе. 

Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, оркестарот ќе изведе дела од Дворжак, Чајковски, Маскањи, Брамс, Хачатуријан, Офенбах, Штраус, Бернштајн, како и две од македонските композитори – Благој Цанев („Овчеполска свита“) и Сони Петровски („Пијан танец-Пајдушко“).

Со овој концерт, Македонската филхармонија ја продолжува традицијата на гостувања во градовите низ Републиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top