Русија се надева дека нестабилното примирје во источна Украина ќе се одржи и ќе направи се за да помогне во воспоставување мир во таа соседна држава, соопшти денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев.
– Потребен ни е мир во Украина…Тоа е најбитната работа и ќе направиме се што можеме за да ја оствариме, изјави Медведев додавајќи дека конфликтот во Украина „не е наш“.
Рускиот премиер нагласи дека Киев треба да ги анализира сите причини и аргументи и не треба да се откажува за воспоставување контакти со југоисток во државата.
– Тоа е украински конфликт и не смее да се прошири вон украинските граници, нагласува Медведев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.