Метеоролошките служби на Хрватска и Босна и Херцеговина прогласија портокалово предупредување бидејќи се приближува бура во овие две земји, проследена со грмотевици и поројни дождови.
Во Хрватска предупредувањето е издадено денеска за речиси целата територија на земјата, а најпоројни дождови се очекуваат во северниот дел на Јадранот и на повисоките места.
Метеоаларм поради поројните дождови објави портокалово предупредување за Истра и Ријека, бидејќи експертите сметаат дека временските прилики ќе бидат опасни. Жолто предупредување, кое значи дека времето е потенцијално опасно, Метеоаларм објави за сите останати подрачја на Хрватска, освен за средна и јужна Далмација.
И во БиХ утре и задутре се очекуваат обилни врнежи поради што Федералниот хидрометеоролошки завод издаде исто така портокалово предупредување за јужниот, југозападниот, северозападниот дел и делови од централна Босна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.