| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан скопјанец си ја запалил куќата – сопругата и ќерката биле внатре

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 37-годишниот С.Б. од Скопје за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Семејната драма се случувала на 5 месецов, околу 22,00 часот во семејната куќа на ул. „Финска“ во скопската населба Ченто. Пријавениот кој бил под дејство на алкохол, по претходна расправија со мајка му, со запалива течност и отворен оган предизвикал пожар во куќата во која се наоѓале неговата сопруга и неговата ќерка.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top