| четврток, 6 декември 2018 |

Комплетирано првото коло од квалификациите за ЕУРО 2016

Со одигугрувањето на последните осум натпревари синоќа беше комплетирано првото коло од квалификациите за ЕУРО 2016 кое ќе се одржи во Франција.

Изненадување на вечерта беа поразите на Холандија и Босна и Херцеговина. Двете репрезентации кои учествуваа на Светското првенство во Бразил беа поразени од Чешка односно Кипар.

Резултати на синоќа одиграните натпревари: Казахстан – Летонија 0:0, Чешка – Холандија 2-1, Исланд – Турција 3-0 (А група), Андора – Велс 1-2, Босна и Херцеговина – Кипар 1-2, (Б група), Азербејџан – Бугарија 1-2, Хрватска – Малта 2-0 и Норвешка – Италија 0-2 (Х група).

Натпреварот од Б групата меѓу Израел и Белгија ќе се игра на 31 март 2015 година. Дуелите од 2.коло од квалификациите се играат од 9 до 11 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top