| четврток, 6 декември 2018 |

Шкотска подготвена за своја валута „Скоти“

poundpapersШкотланѓаните би ја задржале британската фунта, но владата во Лондон ја исклучува токму таа можност. Целата приказна треба да изгледа вака: Се е подготвено. Точно 500.000 пакетчиња пари во разни апоени (Стартер Китс) од оваа недела се наоѓаат во филијалите на банките од Глазгов до Абердин. 250 скоти (scotties) какко што е наречена новата шкотска валута, се наоѓаат во секој од т.н. Стартер Китс. Кога ќе се пресмета во фунти, тоа изнесува 200 евра. Парите од 100 скоти ги краси ликот на Вилијам Волис, а од 50 скоти на Шон Конери. На парата од 10 фунти може да се види Род Стјуард, а на парата од 1 скот се смее Енди Муреј. Ако Шкотланѓаните идната недела навистина изгласаат независност, тогаш пакетчињата со пари, наутро по референдумот, ќе бидат распоредени по шалтерите на банките во Шкотска. Некои шефови на филијалите тој чин ќе го официјализираат со мелодии од традиционалниот шкотски инструмент, гајдата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top