Меѓу 3.000 и 4.000 руски туристи се уште се блокирани во Грција и се препуштени на грчките туристички работници, по банкротот на нивниот туроператор, што е втор инцидент од тој вид од почетокот на август, соопшти Грчката асоцијација на туроператори.
Приоритет на асоцијацијата е „да помогне на руските туристи, кои пристигнале во Грција со туроператорот Солвекс, додека се вратат дома, се вели во соопштението на асоцијацијата.
Еден од најголемите туроператори во Санкт Петербург „Солвекс“ ја прекина дејноста и меѓу 3.000 и 4.000 негови клиенти останаа во различни реони на Грција, изјави претседателот на асоцијацијата Андреас Андреадис.
Оваа сезона Грција ја посетија 1,2 милиони руски туристи и нивниот број се зголемува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



