| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот “Лавиринт – невозможно бегство” од 18 септември во македонските кина

FB_Oglas-za-konkurs_720x315_MK

Филмот „Лавиринт – невозможно бегство“, приказната за постапокалиптичниот свет на режисерот Вес Бол ќе почне да се прикажува на редовниот репертоар во кината во Македонија од 18. септември, информираат од дистрибутерската куќа МЦФ МКД, која ги повикува сите љубители на мистериозните авантури да нацртаат, фотографираат или да дизајнираат свој Лавиринт, и да освојат подароци.

Лавиринтот може да биде креиран од разни предмети, нацртан на маица, беџ, на ѕид како графит, корица од книга. Не е дозволено да се користат оригиналните визуелни елементи од филмот “Лавиринт – Невозможно бегство”(фотографија, официјалниот постер, официјалниот фонт).

Изработките може да се испратат на адресата [email protected]  најдоцна до 14 септември во 23.00 часот. Името на наградениот автор/ка ќе биде објавено на 17. септември во 12.00 часот на Facebook страната на дистрибутерската куќа МЦФ МКД и на сајтот fashionel.mk.

Петте најкреативни изработки по избор на дизајнерскиот тим на сајтотfashionel.mk ќе освојат специјална награда “Лавиринт-невозможно бегство”која е составена од две влезници за филмот во термин по нивен избор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top