| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на порно актерка: Се заљубив додека снимав секс сцена

Порно актерката Кајден Крос (26) во едно интервју таа откри како се одлучила за оваа професија и како ја запознала љубовта на нејзиниот живот.

Проблемите во семејството на оваа жена започнале кога нејзината мајка затруднела по втор пат. Нејзиниот татко во тој момент го напуштил семејството, а мајка и’ тешко успевала да се избори со финансиските проблеми.

Кога Кајден била прва година на факултет, почнала да се занимава со стриптиз. Според нејзината изјава, заработувала доста пари. Токму парите биле причина што при крај на студирањето, се откажала. Сфатила дека „обичната работа” нема да и’ донесе такви приходи.

Поради работата патувала во Европа, Азија, Австралија, стриптизот го заменила со снимање порно филмови, а со 23 години отворила своја интернет порно страница. Чувствувала голема сигурност што сама заработува пари. Избегнувала врски со мажи, а тогаш на еден сет го сретнала Мануел, колега со кој играла во некој поранешен порно филм. Мануел бил многу љубезен кон неа и набрзо се заљубиле. Сексот не бил пресуден за тоа, туку една „понежна” средба.

Mожеби е чудно порно ѕвезди да се заљубат поради бакнеж, но така беше во нашиот случај”, рече таа. Иако биле заљубени, не започнале врска, бидејќи Мануел во тој момент се забавувал со друга девојка. Кога ја прекинал таа врска, бил директен со Кајден. И’ кажал дека сака сериозна врска со неа, но како услов и’ рекол дека таа мора да ја напушти порно индустријата.

– Мојот најголем страв беше дека ќе се врати минатото и дека ќе станам самохран родител како мојата мајка, без пари, без диплома, дека ќе останам сама со децата”, рече Кајден.

Но, и покрај тој страв прифатила да се омажи со Мануел и денес имаат ќерка.Мануел подоцна и’ дозволил на Кајден повремено да снима порно филмови со него и со други жени. Парите биле главна причина за тоа. Од друга страна, тој снима филмови со жени и Кајден понекогаш е измачувана од љубомора.

– Се прашувам: Дали е посексипилна од мене, попаметна, подобра во кревет? Но, ниедна жена не може да биде се’, знам дека ниедна нема да стане негова втора сопруга – заклучи Кајден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top