Директорот на АБА лигата Роман Лисац за „Македонски спорт“ откри зошто КК Работнички не доби вајлд карта.
– Наша прва опција беше замена за Раднички да биде токму Работнички. Но, Андреј Жерновски во последен момент, во петокот попладне, писмено ми потврди дека не можат да ги исполнат сите наши услови – коментира директорот на „Сидро“.
Иако желба постоела, и тоа обострана, како од страната на Работнички, така и од раководството на АБА Јадранската лига, на крајот, не испадна ништо од идејата, намерите подобро кажано, Македонија да има и свој втор претставник во ова натпреварување.
Замена за Раднички од Крагуевац, кој поради финансиски проблеми го откажа учеството во сезоната 2014/2015 година, беше пронајдена во еден друг српски клуб, Металац од Ваљево.
А зошто сè се случи како што посакуваше македонската кошаркарска јавност, објаснува лично директорот на лигата, Роман Лисац.
Еден од предводниците на компанијата „Сидро“, зад која стои проектот Јадранска лига, изразува жалење што не дошло до реализација на плановите поврзани со „влез“ и на втора екипа од Македонија, иако тоа првобитно не било планирано.
Секако, не до оној момент кога и официјално стана јасно дека Раднички не може да ги поднесе финансиските обврски за играње во ова друштво, и дека мора да се (по)бара соодветна замена.
– Искрен да бидам, сакавме да се случи тоа, Работнички да биде втор македонски претставник во АБА лигата во сезоната 2014.2015. Да бидам уште поискрен, поборници за една таква идеја беа водечките луѓе на МЗТ Скопје. Секоја чест за нив, тие беа првите кои ни дадоа поддршка за оваа идеја, која нам како раководство на лигата ни беше особено интересна. А би рекол и не баш тешка за реализацијата, вели Лисац.
Токму од тие причини бил и оној неколкудневен контакт со претставниците на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб.
– Едноставно кажано, луѓето од Работнички требаше да кажат само ’ДА’. Сакаме да играме, подготвени сме за тоа и мислам дека тука ќе завршеа сите дилеми околу тоа кој ќе ја добие ’вајлд-картата’. Од тие причини цела седмица водевме директни разговори со г. Андреј Жерновски, кој го претставува Работнички во овој момент. Ни објасни, а ние го прифативме тоа како искрено, дека вложува огромен труд да се формира еден респектабилен буџет, и уште сега Работнички да дојде до еден таков статус, да биде дел од АБА лигата. Но, на крајот, во петокот попладне, за писмено да нè информира дека изразува жалење и дека во овој момент не можел да го реализира тоа. И сакам да дополнам дека дури откако го добивме писмото од Жерновски, пред седницата на Бордот, на која одлучивме поканата да оди кај Металац од Ваљево, со оглед на тоа дека Србија и имаше место во распределбата на местата, а по откажувањето на Раднички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ристески: Жерновски 4 години без срам и недомакински ги троши парите на центарци
-
За 4 години, со 100 милиони евра на центарци, Жерноски и СДС не успеаа да реализираат ниту еден ветен проект
-
Шерифите на Жерновски на тапет кај Јоци
-
Јоци: Жеки се надевам ревизија ќе ни каже што точно си правел со наши пари