1. Имате проблеми со спиењето
Ако не спиете добро или имате несоница, тогаш е јасно дека на вашиот организам му треба одмор и ребаланс. Науката покажува
дека недоволното спиење создава негативна енергија, што потоа резултира со намалена креативност и ментални перформанси. На
телото му е потребен одмор и доколку не спиете доволно се зголемува тенденцијата да бидете под стрес. Не се доведувајте во ситуација кога недостатокот на сон ви го зголемува стресот. Земете си слободен ден и одморете.
2. Викендите не ви се доволни за да се одморите
За повеќето вработени викендите се време кога се одмораат и собираат енергија. Но, понекогаш викендите не се доволни за да
заборавите на напорната недела и сите работни обврски што ве чекаат. Ако не можете да се ослободите од стресот од минатата
недела и чувствувате дека тој расте, тогаш мора да додадете уште еден ден за одмор, пред анксиозноста да почне да расте и да се натрупува од недела во недела.
3. Не сте фини колку што сакате да бидете
Ова е предупредувачки знак дека сте исцрпени. Неможноста да се однесувате фино колку што би сакале е добар показател дека
ви е потребен слободен ден. Внимавајте на вашето однесување кон соработниците, партнерот и децата.
4. Едноставно повеќе не ви е грижа
Во идеални услови никој не би требало да оди на работа само за да земе плата. Но, недостатокот на вистински инвестиции и
ангажман во работата може да биде уште поголем проблем доколку бизнисот е ваш. Кога апатијата почнува да се јавува, со
првиот знак на мислата дека не ви е грижа повеќе, мора да земете слободен ден. Прошетајте во природа и наполнете се со енергија, па вратете се следниот ден на работа подготвени за новите предизвици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.