| четврток, 6 декември 2018 |

Пирс Броснан: Многу е тешко кога болест ти ги зема оние што ги сакаш

Холивудскиот актер Пирс Броснан на предавањето посветено на борба против канцерогените болести „Спротивстави му се на ракот“ во својот емотивен говор се потсети на сопругата Каси и ќерката Шарлот, кои починаа од рак на јајниците.

Каси почина во 1991 година, а Шарлот кон крајот на минатата година.

– Кога гледаш некого кој многу го сакаш како малку по малку го јаде оваа тешка болест, тогаш таа тага и болка неизбришливо оставаат трага. Ја држев за рака прекрасната, дарежлива и силна сопруга Кеси се додека болеста не ми ја одзеде прерано. Минатата година ја држев за рака веселата, преубавата ќерка Шарлот која за жал почина од наследна болест, истакна актерот.

Шарлот Броснан не беше негова биолошка ќерка, туку со стапувањето во брак со Касандра ја прифати како негово дете и ’и го даде презимето.

На крај од својот говор актерот им се заблагодари на здруженијата, сметајќи дека ефикасно се борат против оваа болест, и им одаде почит на својата сакана сопруга и ќерка, како и на сите жени кои прерано ја изгубиле оваа животна борба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top