Во саботата навечер околу 21 часот на локалниот пат за селата Брест и Бродец крај Скопје, во близина на селото Бродец, се случила сообраќајна несреќа во која униформиран полициски службеник, управувајќи полициско возило „дефендер“, загубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво, информираше Министерството за внатрешни работи.
Во инцидентот со телесни повреди се здобил возачот и уште четворица полициски службеници. од кои тројца се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, од каде по укажаната лекарска помош двајца се пуштени на домашно лекување, додека третиот е задржан на лекување.
Другите сопатници се пренесени во Универзитетскиот центар Скопје, каде што се констатирани се телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Увид на лице место извршила екипа од Секретаријатот за внатрешни работи Скопје. Од незгодата причинета е материјална штета која првично е проценета на околу 80 илјади денари денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.