Репрезентацијата на Србија оствари убедлива победа над Грција во осминафиналето со 90:72 и со тоа избори настап во четвртфиналето на Светското првенство во кошарка што се игра во Шпанија. Кошаркарите на Србија ги добија сите четири периоди, а во последните пет минути имаа и предност од 20 поени разлика (80:60 – 36.минута).
Србија во четвртфиналето ќе игра со победникот од вечерашниот дуел Бразил – Аргентина (почнува 22 часот).
Во првото осминафинале одиграно денеска Литванија во Барселона ја победи селекцијата на Нов Зеланд со 76:71 и во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот Турција – Австралија што е во тек.
Утре на Светското првенство е слободен ден, а четвртфиналните дуели се играат во вторник и во среда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа