| четврток, 6 декември 2018 |

Јохан Тарчуловски: Докажав дека сум невин

sonja i johan

Не мислам дека овие години поминати во притвор се загубени за мене, научив многу вистини овде, научив да не брзам, да бидам трпелив и да го ценам тоа што го имам, пишува Јохан Тарчуловски на својот профил на „Фејсбук“.

– Трагично и жално е што некои болни умови преку изведување терористички напади и убиства на цивили, војници и полицајци се бореа за политички функции. Чесен суде, ние Македонците сме мирен народ, секогаш и на секого сме подготвени да му помогнеме кога му е најтешко, ниту еден Македонец не го посакуваше тоа што се случи во 2001 година – пишува Тарчуловски на својот профил на „Фејсбук“.

Тарчуловски преку својот профил на „Фејсбук“ ѝ се обрати на јавноста порачувајќи дека, конечно, докажал оти не сторил никакво кривично дело насочено против цивили. Тој вели дека, според него, не бил законски уапсен и веднаш знаел дека нема да добие фер судење.

Според досегашните најави, Тарчуловски кон средината на март треба да биде пуштен од германскиот затвор, каде што издржува затворска казна дванаесет години. Казната му ја изрече хашкиот трибунал за настаните во скопското село Љуботен во 2001 година. Тарчуловски издржа две третини од казната, па условот за неговото предвремено пуштање на слобода е исполнет, пренесоа денеска повеќе македонски медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top