| четврток, 6 декември 2018 |

Обама в среда ќе го претстави планот против џихадистите

обамаАмериканскиот претседател Барак Обама в среда ќе го претстави својот план за дејствување против џихадистичката група Исламска држава (ИД), кој вклучува „некакви напади“.

Еден ден претходно Обама ќе се сретне со лидерите на Конгресот и ќе ја побара нивната поддршка за стратегијата за спречување на исламистите, кои презедоа делови од Сирија и Ирак.

– Едноставно сакам американскиот народ да ја разбере суштината на заканата и како ние се справуваме со неа. Сакам да биде уверен дека ќе ја оствариме целта, објасни тој во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си.

Американскиот претседател увери дека во моментот ИД не претставува закана за САД, но истоверемно предупреди дека тоа би можело да се случи еден ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top