| четврток, 6 декември 2018 |

Иран смета дека САД не се сериозни во борбата против ИД

katar fifa dzihadistiИранските власти го обвинија денеска официјален Вашингтон дека не ја сфаќа сериозно опасноста од екстремистичката Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија, додавајќи дека САД претходно дури и ги помагале џихадистите.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изнесе две обвиненија, иако САД денеска извршија нови воздушни напади против исламистите, согласно кампањата започната на 8 август со цел да се разбие џихадистичката опсада на градот Амерли во северниот дел на Ирак, каде живеат мнозинство шиитски Туркмени.

И Иран и САД ја сметаат ИД за свој противник, но владите на двете земји негираат дека соработувале меѓусебно во борбата против џихадистите.

Портпаролката на Белата куќа, Мари Шарф истакна дека САД „се отворени за разговор“ со Иран, но сепак ја исклучи можноста за заедничка координација на акциите против исламистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top