Јас кога го земав грантот од Сорос не смеев сам да си одредувам кои ќе ми бидат колумнисти, тие мораше да ги одреди Владе Милчин, пишува Саше Политико во новата колумна.
Тој не ми ги одобри колумнистите Виктор Трифуновски, Тони Науновски и Хелена Роза. Виктор многу зборувал и пишува против Сорос, Тони бил националист, а Хелена пишувала теми кои не биле важни за Сорос. Мене пак целта ми беше со Хелена да привлечам публика која сака трач и слободни лајф теми, со Тони сакав да ги привлечам талибанските лудаци на сајтот па да ги едуцираме и да им влијаеме некако да се смират мамето да им го ебам лудачко, а Виктор пак сакав да даде поинаков шмек знаејќи дека тој е закоравен левичар поборник за слободен пазар, укинување на социјална помош, субвенции, даноци, итн,итн…
Во една прилика пак додека бев грантист на Сорос, Владе Милчин на сред коктел во Менада пред многу народ гласно надвор на терасата ми се дереше пред сите за некоја колумна која нему не му се допаднала. Настана мртва тишина, сите гледаа во земја од срам, а јас бев шокиран како тоа човек си дозволува вака да ги руга и малтретира своите грантисти! Значи јасно е дека СДСМ има голем проблем со тоа што зависи од Сорос затоа што во Сорос не се политичари, туку една банда на фантазери, уметници, теоретичари, замлатеници што во основа не е лошо, туку е симпатично, но проблемот е што овие луѓе појма немаат како се одбиваат избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.