Европската унија го поздрави договорот за прекин на огнот во Источна Украина, нагласувајќи дека сите страни мораат да го почитуваат и применуваат.
– Го поздравуваме договорот за прекин на огнот постигнат во Минск на состанокот на Контакт групата. Договорот мора да го почитуваат сите страни и во целост да го применуваат, се наведува во соопштението на ЕУ.
ЕУ изрази надеж дека тоа ќе биде прв чекор кон одржливо политичко решение, базирано на почитување на суверениетотт и територијалниот интегритет на Украина, пренесува ИТАР – ТАСС.
Протоколот за прекин на огнот во Источна Украина потпишан во Минск стапи во сила вчера во 18 часот по локално време, а Киев и проруските сили соопштија дека ги прекинуваат акциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
ЕУ воведува задолжителни квоти за жени во менаџерските тимови на компаниите