| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Гувернерот на албанската Централна Банка

адрианГувернерот на албанската Централна Банка, Ардиан Фулани е уапсен вечерва под обвинение за злоупотреба на службената положба во врска со кражбата на над шест милиони долари од трезорот на банката.

Канцеларијата на албанското Обвинителство соопшти дека Фулани бил успасен во својот кабинет.

Гувернерот е 17-то лице, вработено во банката, кое е уапсено во врска со кражбата на вкупно 713 милиони леки (6,63 милиони долари), исчезнати од зградата каде се наоѓаат готовинските резерви.

Централната банка кон крајот на јули ја соопшти информацијата за кражбата, а тогаш беа уапсени двајца службеници за кои се претпоставува дека во последните четири години ги изнесувале парите од институцијата.

Фулани, и покрај протестите на граѓаните кои покренале петиција за негова смена, одбивал да поднесе оставка, а тој бил поддржан и од надзорниот одбор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top