НАТО едногласно ја поддржа потребата од итни дејства против екстремистите на Исламска држава (ИД), која претставува закана и за земјите-членки на Алијансата, изјави американскиот претседател Барак Обама во Њупорт.
– Земјите членки се согласни дека ИД е „дивјачка организација“ која треба да биде уништена, истакна Обама пред да отпатува од Велс по дводневната средба на НАТО.
Тој побара од партнерите да се приклучат кон коалицијата од држави, која има за цел уништување на ИД со воена сила, дипломатски притисок и економски санкции. Обама нагласи дека оваа меѓународна коалиција не треба да се ограничи само на западните земји, туку да вклучува земји каде живее мнозинство сунитско население.
– Вашингтон ќе ги гони исламистичките екстремисти, како што тоа го правеше претходно со Ал Каеда. Стратешка цел е да се ослабне и на крајот да се уништи организацијата. За тоа е потребна меѓународна коалиција, но и политичка и воена поддршка во Ирак, додаде американскиот претседател.
САД ќе формираат коалиција од десет држави, кои ќе имаат главна улога во борбата против џихадистичката групација Исламска држава, изјави денеска на самитот на НАТО американскиот државен секретар Џон Кери.
Во коалицијата влегуваат САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Полска, Данска, Турција, Австралија и Канада.
Кери ги повика овие земји да дадат на одреден начин свој придонес во борбата против ИД.
– Тие сепак нема да испраќаат своите војници во Ирак, тоа е генералната црвена линија, нагласи тој.
Кери повика до почнувањето на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк подоцна овој месец да биде изработен план за борба против џихадистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа