| четврток, 6 декември 2018 |

Кремљ го поздрави прекинот на огнот во Украина

ukrainaКремљ го поздрави денешниот договор за прекин на огнот меѓу Киев и проруските активисти и апелира до двете страни буквално да се придржуваат кон него.

– Руската претседателска канцеларија го поздравува потпишувањето на протоколот во Минск, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој изрази надеж дека инволвираните страни ќе се придржуваат на сите одредби од документот и сите досега постигнати договори, а преговарачкиот процес ќе продолжи се додека кризата во Украина не биде целосно решена.

Украинскиот претседател Петро Порошенко потврди на Твитер дека на состанокот на Контакт групата во Минск е потпишан договор за прекин на огнот и им нареди на украинските сили да ги прекинат судирите од денеска во 17 часот по средноевропско време

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top