| четврток, 6 декември 2018 |

Седум земји-членки на НАТО се договорија за создавање заеднички сили за брзо реагирање

nato

Норвешката Влада денеска соопшти дека потпишала договор со уште шест земји-членки на НАТО за создавање заеднички сили за брзо реагирање при кризи.

– Обединетите експедициски сили (Join Expeditionary Force) се средство на НАТО да стане поподготвен и адаптиран кон новата ситуација, истакна норвешката министерка за одбрана Ине Марие Ериксен Сорајде, која е потписник на договорот на средбата на Алијансата во Велс.

Освен Норвешка потписнички на документот се и Велика Британија, Данска, Естонија, Летонија, Литванија и Холандија.

Идејата за формирање на овие сили беше најавена уште на почетокот на 2013 година од Велика Британија, која ќе учествува со најголем број на војници во новата воена формација.

Новите експедициски сили ќе опстојуваат одделно од силите за брзо реагирање на НАТО, но ќе дејствуваат во согласност со нив.

Норвешката Влада нагласи дека корпусот на седумте држави се создава „независно од руската агресија во Украина и окупацијата на Крим со кршење на меѓународното право“, туку поради новата ситауција во Европа која бара постоење на сили за брзо реагирање.

На 1 октомври норвешкиот премиер Јенс Столтенберг ја презема од Андерс Фог Расмусен функцијата генерален секретар на НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top