| четврток, 6 декември 2018 |

Педесет илегалци се обиделе да ја преминат македонската граница

Вчера наутро во 10.15 часот полициските сили во соработка со царински работници и работници од МЖ – Гевгелија на железничката станица Гевгелија во товарен воз кој сообраќал на релација од Солун за Косово открија вкупно 50 странски државјани од Авганистан, Сирија и Пакистан, кои се обидувале нелегално да ја преминат границата од Р.Грција во Р.Македонија.

По преземени мерки  лицата се предадени на ГП Идомени – Р.Грција, воедно предадени се и 3 лица државјани на Сирија кои  се откриени  од страна на ПС од ОН Валандово кои исто така се обиделе нелегално да ја преминат границата во Р.Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top