| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски за „Република“: Заев под при­ти­сок го води СДСМ

„Ли­де­рот на СДСМ не­ма си­ла да се со­о­чи со при­ти­со­кот од не­кол­ку лу­ѓе, кои има­ат одре­де­ни дру­ги ин­те­ре­си. Тој не чув­ству­ва си­ла, не­ма кре­а­тив­на или ин­те­ле­кту­ал­на су­пе­ри­ор­ност и моќ да им се спро­тив­ста­ви на ка­ков би­ло на­чин на тие лу­ѓе. Мис­лам де­ка ќе би­де пре­доц­на ко­га ќе сфа­ти кои се нив­ни­те це­ли и крај­ни ин­те­ре­си“, ве­ли Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“

Пре­ли­сту­вај­ќи ста­ри на­ста­ни по­вр­за­ни со по­ли­тич­ка­та со­стој­ба, наидов на ед­на вест об­ја­ве­на пред точ­но ед­на го­ди­на што ве­ли: „За­ев ги мо­ли пра­те­ни­ци­те да се вра­тат во пар­ла­мен­тот, тие од­би­ва­ат“. Па не­ка­ко исто­ри­ја­та ни се по­вто­ру­ва во мно­гу ку­си пер­и­о­ди, до ко­га?

Гру­ев­ски:Спо­ред мои ин­фор­ма­ции, За­ев во 2013 го­ди­на бе­ше за вра­ќа­ње во пар­ла­мен­тот, од­нос­но про­тив бој­кот на из­бо­ри­те. Бе­ше за из­ле­гу­ва­ње на из­бо­ри, да не се бој­ко­ти­ра­ат, за­тоа што во тој мо­мент тоа не­му му од­го­ва­ра­ше. Тој чув­ству­ва­ше де­ка има до­бри шан­си да по­бе­ди во Стру­ми­ца и то­гаш има­ше дру­ги ар­гу­мен­ти. Се­га, ко­га му тре­ба­ше али­би да оста­не пре­тсе­да­тел на пар­ти­ја­та, де­мек из­бо­ри­те би­ле не­ре­гу­лар­ни ина­ку ќе по­бе­дел, па по­тоа му се ис­пу­шти во ед­на при­го­да де­ка и да би­ле ре­гу­лар­ни из­бо­ри­те, спо­ред не­го­во мис­ле­ње, не­ли, трг­ну­вај­ќи од не­го­ва­та те­за де­ка из­бо­ри­те би­ле не­ре­гу­лар­ни, де­ка и да би­ле ќе за­гу­бе­ле ама со по­ма­ла раз­ли­ка. Пра­ктич­но се гле­да де­ка и са­ми­от тој не ве­ру­ва де­ка из­бо­ри­те би­ле не­ре­гу­лар­ни, тој е све­сен де­ка беа ре­гу­лар­ни, но за­ра­ди не­го­ва­та лич­на по­ли­тич­ка би­тка и ка­ри­е­ра му бе­ше по­треб­но али­би, а тоа али­би го нај­де во тоа де­ка из­бо­ри­те би­ле не­фер и за­тоа ја оте­ра це­ла­та сво­ја пар­ти­ја над­вор од пар­ла­мен­тот. Пра­те­ни­ци­те ги оте­ра над­вор, иа­ко, јас кол­ку што знам, го­лем дел од пра­те­ни­ци­те та­му би са­ка­ле да се вра­тат во пар­ла­мен­тот.

За­ев во­ди ед­на би­тка на ко­ја, по мое мис­ле­ње, го­ле­мо вли­ја­ние има­ат не­кол­ку лич­но­сти, кои, се чи­ни, до­ми­ни­ра­ат над пре­тсе­да­те­лот на таа пар­ти­ја, тие се во уред­ниш­тво­то на не­кои опо­зи­ци­ски ме­ди­у­ми фи­нан­си­ра­ни од Со­ро­со­ви­от ин­сти­тут,во уни­вер­зи­те­ти­те, и по­не­ко­гаш не е те­шко да се прет­по­ста­ви што ќе ка­же гос­по­ди­нот За­ев ако прет­ход­но до­бро се сле­дат два-три ли­ка што се дол­го за­ед­но со СДСМ, не­кои фор­мал­но, не­кои не­фор­мал­но. Нив­ни­те ко­лум­ни или иска­зи во ме­ди­у­ми­те се во­дил­ка на Зо­ран За­ев. Та­ка што, јас, на при­мер, ко­га оти­дов на сред­ба­та со не­го пос­лед­ни­от пат, во ју­ни или ју­ли, утри­на­та и прет­ход­ни­от ден ги про­чи­тав ста­во­ви­те на не­кол­ку лу­ѓе со кои тој, очиг­лед­но, не­ма си­ли или ка­па­ци­те­ти да из­ле­зе на крај, и 90 про­цен­ти имав кон­ци­пи­ра­но што да оче­ку­вам од таа сред­ба. Тоа не е са­мо­стој­но во­де­ње на пар­ти­ја­та и на по­ли­ти­ка­та, тоа е во­де­ње под при­ти­сок на не­кол­ку лу­ѓе што си има­ат одре­де­ни ин­те­ре­си, кои си ра­бо­тат по тие ин­те­ре­си, но, очиг­лед­но, пре­тсе­да­те­лот на таа пар­ти­ја си има проб­лем да се со­о­чи со тие лу­ѓе и ако трг­не во друг пра­вец тој не знае ка­ко да од­го­во­ри. Тој не чув­ству­ва си­ла, не­ма кре­а­тив­на или ин­те­ле­кту­ал­на су­пе­ри­ор­ност и моќ да се спро­тив­ста­ви на ка­ков би­ло на­чин на тие лу­ѓе. Мис­лам де­ка ќе би­де пре­доц­на ко­га ќе сфа­ти кои се нив­ни­те це­ли и крај­ни ин­те­ре­си. Се­га тој, во из­вес­на смис­ла, е и за­ви­сен од нив, тие има­ат или се бли­ски до лу­ѓе што рас­по­ла­га­ат со фон­до­ви пре­ку кои фи­нан­си­ра­ат но­ви­на­ри, ме­ди­у­ми, ква­зи­ин­те­ле­кту­ал­ци, има­ат сво­ја мре­жа на акти­ви­сти и вли­ја­ние, свои инс­пи­ра­то­ри.И тоа е еден од не­го­ви­те проб­ле­ми, но и од проб­ле­ми­те на СДСМ. А тие проб­ле­ми, за жал, мо­же да ѝ пре­диз­ви­ка­ат проб­ле­ми на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, со отсус­тво на опо­зи­ци­ја­та од пар­ла­мен­тот, со сти­му­ли­ра­ње де­стру­ктив­ни по­те­зи и слич­но.

Целиот разговор со премиерот Никола Груевски можете да го прочитате во најновот број на неделникот „Република“ што е во продажба од денеска, 5 септември 2014 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top