Прелистувајќи стари настани поврзани со политичката состојба, наидов на една вест објавена пред точно една година што вели: „Заев ги моли пратениците да се вратат во парламентот, тие одбиваат“. Па некако историјата ни се повторува во многу куси периоди, до кога?
Груевски:Според мои информации, Заев во 2013 година беше за враќање во парламентот, односно против бојкот на изборите. Беше за излегување на избори, да не се бојкотираат, затоа што во тој момент тоа нему му одговараше. Тој чувствуваше дека има добри шанси да победи во Струмица и тогаш имаше други аргументи. Сега, кога му требаше алиби да остане претседател на партијата, демек изборите биле нерегуларни инаку ќе победел, па потоа му се испушти во една пригода дека и да биле регуларни изборите, според негово мислење, нели, тргнувајќи од неговата теза дека изборите биле нерегуларни, дека и да биле ќе загубеле ама со помала разлика. Практично се гледа дека и самиот тој не верува дека изборите биле нерегуларни, тој е свесен дека беа регуларни, но заради неговата лична политичка битка и кариера му беше потребно алиби, а тоа алиби го најде во тоа дека изборите биле нефер и затоа ја отера целата своја партија надвор од парламентот. Пратениците ги отера надвор, иако, јас колку што знам, голем дел од пратениците таму би сакале да се вратат во парламентот.
Заев води една битка на која, по мое мислење, големо влијание имаат неколку личности, кои, се чини, доминираат над претседателот на таа партија, тие се во уредништвото на некои опозициски медиуми финансирани од Соросовиот институт,во универзитетите, и понекогаш не е тешко да се претпостави што ќе каже господинот Заев ако претходно добро се следат два-три лика што се долго заедно со СДСМ, некои формално, некои неформално. Нивните колумни или искази во медиумите се водилка на Зоран Заев. Така што, јас, на пример, кога отидов на средбата со него последниот пат, во јуни или јули, утрината и претходниот ден ги прочитав ставовите на неколку луѓе со кои тој, очигледно, нема сили или капацитети да излезе на крај, и 90 проценти имав конципирано што да очекувам од таа средба. Тоа не е самостојно водење на партијата и на политиката, тоа е водење под притисок на неколку луѓе што си имаат одредени интереси, кои си работат по тие интереси, но, очигледно, претседателот на таа партија си има проблем да се соочи со тие луѓе и ако тргне во друг правец тој не знае како да одговори. Тој не чувствува сила, нема креативна или интелектуална супериорност и моќ да се спротивстави на каков било начин на тие луѓе. Мислам дека ќе биде предоцна кога ќе сфати кои се нивните цели и крајни интереси. Сега тој, во извесна смисла, е и зависен од нив, тие имаат или се блиски до луѓе што располагаат со фондови преку кои финансираат новинари, медиуми, квазиинтелектуалци, имаат своја мрежа на активисти и влијание, свои инспиратори.И тоа е еден од неговите проблеми, но и од проблемите на СДСМ. А тие проблеми, за жал, може да ѝ предизвикаат проблеми на Република Македонија, со отсуство на опозицијата од парламентот, со стимулирање деструктивни потези и слично.
Целиот разговор со премиерот Никола Груевски можете да го прочитате во најновот број на неделникот „Република“ што е во продажба од денеска, 5 септември 2014 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница