Првата недела од септември, покрај радоста за новата учебна година ја донесе и најновата добивка од игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Инстант лозот Подарок и обезбеди одлично изненадување на Светлана Дулгерска , убава добивка од 60 илјади денари
Светлана Дулгерска од Делчево, својот среќен Инстант лоз Подарок го купила од продажното место Берона Б. Интересно е тоа што додека го одбирала лозот, неколку пати го заменувала, па дури и самата сопственичка на среќното место на крај и помогнала во изборот, насочувајќи ја кон среќниот лоз. Светлана редовно ги игра игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Освоила повеќе помали добивки, но и Бинго пред 10 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


