| четврток, 6 декември 2018 |

Валдес пред вратите на Енфилд

И покрај тоа што трансфер периодот заврши во понеделникот, клубовите и понатаму можат да носат нови фудбалери доколку некој од нив е слободен играч, а токму таква е ситуацијата со Виктор Валдес кој по раскинување на договорот со Барселона остана без ангажман.

Шпанскиот репрезентативец оваа недела би можел да стане нов член на Ливерпул доколку ги помине лекарските прегледи.

Валдес се уште се опоравува од тешката повреда на коленото, но од Ливерпул се подготвени да го почекаат, бидејќи тренерот Роџерс има потполна доверба во Симон Мињоле, но сепак сака да се засили меѓу стативите.

Доколку се биде во ред, Валдес наредното лето ќе ја продолжи соработката со „црвените“ за уште една сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top