Градот Скопје повторно го продолжи крајниот рок за доставување на понудите на заинтересираните компании за изградба на трамвај во главниот град, објави „Билд“.
Инвеститорите се должни да ги достават своите понуди до 3 ноември, по што ќе се пристапи кон нивно разгледување и утврдување дали се задоволени пропишаните критериуми од распишаниот оглас за воспоставување на јавно – приватно партнерство.
Ваквиот потег претставува втора шанса за компаниите што имаат интерес да влезат како партнери во проектот, откако веќе беше продолжен првичниот рок за доставување на понудите од почетокот на мај со нов кој истече пред два дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


