
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Средоземно Море, во близина на Анталија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 25 километри. Земјотресот бил почувствуван во градовите Анталија, Кемер, Кумлуџа и Финикли.
Нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.
Друг земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтер регистриран е синоќа во Егејско Море, во близина на турскиот остров Гокчеада, округот Чанаккале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


