| четврток, 6 декември 2018 |

Пет години од бродската несреќа во Охрид

Делегација од општина Охрид денеска на градскиот кеј во Охрид ќе положи цвеќе пред спомен-плочата за загинатите во бродската несреќа пред пет години, во која животот го загубија 15 бугарски туристи.

Бродската несреќа се случи на 5 септември 2009 година во 10.35 часот на околу 200 метри од брегот, во близина на плажата Елешец, кога потона бродот „Илинден“. Во несреќата загинаа 15 бугарски туристи, а останатите 38 туристи од Бугарија беа спасени. На бродот се превезувале вкупно 57 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top