Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска најави дека утре ќе нареди прекин на огнот на украинската војска, која се бори против проруските сили, со што ќе започне спроведување на мировниот план за Украина.
Тој, во своето обраќање на маргините на самитот на НАТО во велшкиот град Њупорт, нагласи дека прекинот на огнот зависи од резултатот на состанокот меѓу претставниците на Украина, Русија и ОБСЕ во Минск, кој е планиран за утре.
– Во Минск утре ќе биде потпишан документ, кој ќе овозможи постепено спроведување на мировниот план за Украина. Во 12 часот по средноевропско време (14 часот по локално време), под услов состанокот да се одржи, ќе го повикам Генералштабот да нареди прекин на огнот и се надевам дека тоа ќе биде почеток на спроведувањето на планот, истакна Порошенко.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера го изнесе мировниот план во седум точки по телефонскиот разговор со украинскиот колега.
Постои надеж дека договорот меѓу инволвираните страни во украинскиот конфликт би можел да биде потпишан утре на состанокот во Минск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


