| четврток, 6 декември 2018 |

Раднички се откажа од АБА лигата, Работнички потенцијален кандидат

Тимот Раднички од Крагуевац поради финансиски проблеми го откажа учеството во АБА лигата во новата сезона.

Веста за отказот ја пренесе генералниот менаџер на АБА лигата Роман Лисац. Притоа тој потенцираше дека клубот искажал благодарност до раководството на лигата што чекала одговор буквално до последниот можен ден.

Според пропозициите местото на Раднички нема по автоматизам да го заземе клуб од Србија, туку челниците на АБА лигата ќе одлучат за кого ќе биде доделена вајлд карта. Состанок на Бордот на лигата е најавен за петок во Љубљана.

Меѓу потенцијалните екипи кои би го пополниле испразнетото место е и повеќекратниот шампион на Македонија и актуелен вицепрвак Работнички, а во конкуренција се и: Хелиос Домжале (Словенија) и Металац Ваљево (Србија).

Екипата која ќе ја добие поканата да се натпреварува ќе мора да уплати и 150.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top