| четврток, 6 декември 2018 |

Бразил во осминафиналето, Турција останува во игра

FIBA Basketball World Cup 2014

Селекцијата на Бразил обезбеди пласман во осминафиналето, а Турција останува во игра за место меѓу шеснаесетте најдобри на Светското кошаркарско првенство кое се одржува во Шпанија.

На Мундобаскет денеска на програмата се натпреварите од 4. коло во сите четири групи. Во конкуренцијата А, кошаркарите на Бразил ја победија Србија и со третата победа во групата осигураа осминафинале. Турција се изнамачи во дуелот со Финска, по до победата која значи одржување на шансите за осминафиналето, Турците стигнаа по продолжението.

До крајот на петтиот натпреварувачки ден на првенството останува да се одиграат уште четири средби, меѓу кои и дербито во кое домаќинот Шпанија за противник го има актуелниот европски првак Франција.

Резултати и двојки:

А група:
Египет – Иран 73:88,
Србија – Бразил 73:81,
Шпанија – Франција (во термин од 22 часот)

Табела: (победи-порази)
Шпанија 3-0
Бразил 3-1
Франција 2-1
Србија 2-2
Иран 1-3
Египет 0-4.

Б група:
Филипини – Порторико 73:77
Сенегал – Аргентина 46:81
Грција – Хрватска (започна од 20 часот).

Табела:
Аргентина 3-1
Грција 3-0
Сенегал 2-2
Хрватска 2-1
Порторико 1-3
Филипини 0-4.

Ц група:
Нов Зеланд – Украина 73:61,
Турција – Финска 77:73 (по продолжение 68:68),
Доминиканска Р. – САД (почнува од 21.30 часот)

Табела:
САД 3-0
Украина 2-2
Доминиканска Р. 2-1
Нов Зеланд 1-3
Турција 1-3
Финска 1-3.

Д група:
Мексико – Австралија 62:70,
Словенија – Ангола 93:87,
Литванија – Ј. Кореа (започна од 20 часот)

Табела:
Австралија 3-1
Словенија 3-0
Литванија 2-1
Мексико 1-3
Ангола 1-2
Ј. Кореа 0-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top