Четириесетитри годишната професорка по физичка култура Тања Понтибранде осудена на 20 месеци затворска казна поради врската со нејзиниот 15-годишен ученик. Својата врска ја започнале во средното учиште Розмери во Квебек. Ученикот тврдел дека со неа имал секс повеќе од 300 пати во училница но и во нејзината куќа. Открил и дека паднал во депресија откако ја прекинале врската и поради тоа не успеал да се запише на факултетот на кој што сакал да студира.
Но, тој дури пред пет години собрал храброст да ја раскаже својата приказна за неговата поранешна учителка и љубовница. На сведочењето во судотот открил дека таа го завела и го оддалечила од неговото семејство и пријатели и кога и здосадил безмилосно го оставила.
-Ме искористуваше за да си ги задоволи своите себични потреби, изјавил ученикот низ солзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.