| четврток, 6 декември 2018 |

Курт Волкер: НАТО нема интерес за БиХ

Курт ВолкерИнтересот на БиХ за претстојниот самит на Курт Волкер во Велс е еднаков на интересот на Алијансата за БиХ. Како што БиХ не се приближува кон сојузот, исто така и тој нема интерес за оваа земја, изјави за „Дневни аваз“ Курт Волкер, американски амбасадор во НАТО и директор на Институтот „Мекејн“ за меѓународни односи од Аризона.

Тој истакна дека „НАТО е преокупиран со проблемот за руската инвазија на Украина и сите гледаат што ќе направи Алијансата, а се останато е во сенка или воопшто не се наоѓа на дневен ред“.

– Кога е во прашање БиХ, нема никаков напредок. Во вашата земја ништо не се случува за да се надмине статус кво ситуацијата и фактичката поделба на земјата. Бидејќи вие ништо не правите, никој во НАТО сериозно не размислува за БиХ. Но, долгорочно, тоа мора да се смени и БиХ за пет до десет години треба да биде во Алијансата, истакнал Волкер.

Волкер, во својот авторски текст објавен во многу западни медиуми, меѓу другото, побарал од НАТО, без разлика на се, да признае дека Црна Гора е уште веднаш подготвена за членство во Алијансата, Македонија треба исто така да се повика за прием, а ветувањата дадени на Укрина и Грузија треба да се обноват и да почнат да се реализираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top