Британската кралица Елизабета Втора попладнево е префрлена во болницата „Едвард Седми“ поради стомачен вирус- гастроентеритис. Бакингамската палата соопшти дека здравствената состојба на кралицата е добра, дека таа е со „добар дух и расположение“ а дека во болница е префрлена само како мерка на претпазливост.
– Нема влошување кај здравјето на кралицата, освен што е одлучено немсто дома таа да се префрли во болница, каде може постојано да биде надгледувана од лекарите, изјави претставникот на кралската куќа.
За заболувањето на кралицата првпат беше соопштено во петокот. За стомачниот вирус беше речено дека е ставен под контрола но дека британскиот суверен ќе мора да остане во кревет при што беа откажани сите нејзини активности. Од замокот во Виндзор, каде таа беше досега, кралицата во болницата во Лондон беше префрлена со едно од службените возила, а не со возило на итна медицинска помош.
Бакингамската палата сооптшти дека посетата на Италија, што беше предвидена за оваа недела се одложува за некое друго време.
Елизабета Втора во април оваа година ќе наполни 87 години. Таа е 61 година на британскиот престол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


