| четврток, 6 декември 2018 |

По казните, кривична за сендвичарите „Жу-жу“ и „Стефани-А“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат до Основното јавно обвинителство ќе поднесе две кривични пријави за сендвичарницата “Жу жу Бургер “ и една за сендвичарницата “Стефани А “ од Драчево за пуштање во промет штетни прехрамбени продукти.

zu-zu-sendvicara

фото Здравство24

Пријавите следуваат откако вкупно 6о-тина граѓани со симптоми на труење од храна побарале лекарска помош на Клиниката за инфективни болести. 50 тврделе дека биле затруени од драчевската сендвичарница, а 10 изјавиле дека јаделе од сендвичите на ЖУ Жу. Надлежните тврдат дека и во двете сендвичарници биле најдени фекални бактерии. Втората кривична пријава за Жу Жу е поради отстранување на лентата.

-После собирање на целокупната документација ДСЗИ ќе поднесе барање до Основното јавно обвинителство да поведе прекршочна постапка против правниот субјект сендвичара “Стефани А” лоцирана во Драчево заради пуштање во промет штетни прехрамбени продукти по член 213 глава 21, кривични дела против здравјето на луѓето од кривичниот закон исто вакво барање ќе биде поднесено и против правниот субјект “Жу жу бургер “ лоциран во Центарот заради истите причини. За “Жу жу бургер “ ќе биде поднесена уште една кривична пријава за симнување или оштетување на на пломба поставена од државен орган, изјави д-р Џевџез Шакири, директор на ДСЗИ.

ДСЗИ на “Жу жу бургер “ ќе му поднесе и прекршочна привата и треба да плати казна до 5000 евра.

-Заради неизвршени здравствено санитарни прегледи на вработените и неспроведени превентивни мерки на дезинфекција,дезинсекција и дератизација во објектот, додаде директорот на ДСЗИ д-р Џевџез Шакири.
Сопственикот на “Жу Жу бургер” негираше дека во неговите сендвичи има бактерии. Со документ од скопскиот центар за јавно здравје уверуваше дека на инфективна имало само четворица пациенти со стомачна инфекција и сомневање за труење од храна , а тој ден вели дека продал стотици сендвичи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top