Лошиот избор на мажи не е толку страшна работа ако ви се случило еднаш или двапати, но доколку ви се повторува, гледајте да се држите понастрана од овие типови на мажи.
Вечен ерген
Во филмовите е симпатично, но во реалноста баш и не е. Мажот што постојано избегнува да стапи во брак, нема да го смени мислењето дури ни со вас. Колку и да се трудите.
Мрзлив
Сите негови пријатели веќе се во сериозни врски, а тој е во сериозна врска единствено со својата игричка? Ако излегувате со маж што нема да стисне пауза на игричката кога вие го викате, излегувате со погрешен тип.
Мамин син
Тој не е толку лош, но бидете подготвени на тоа дека никогаш нема да бидете доволно добра за него бидејќи единствената жена во неговиот живот е неговата мајка. Подобро готви, подобро пегла и генерално ја сака многу повеќе од вас.
Убавец
Згоден, висок и црн не се лоши карактеристики, освен ако сте во врска со убавец што за излегување се подготвува подолго од вас. Ако е, ослободете се од него најбрзо што можете бидејќи ќе ви ги потроши сите лосиони, креми и сите нерви.
Момче од обложувалница
Оној што живее од коефициент до коефициент, од ливче до ливче и ви ветува дека овојпат ја има вистинската комбинација. Таквиот тип најчесто ги остава луѓето во долгови, а обложувалницата му е многу поважна од вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дарко Спејко во врска со кумашинката на Заев: Не е точно дека Љупка се разведе заради мене (Фото)
-
Ова е моментот кој го означува крајот на секоја врска…
-
Шест години е во љубовна врска со својот автомобил: Се вика Чејс и редовно имаме секс (Видео)
-
Зошто врските на секој хороскопски знак не успеваат? Бикот се запушта, Девиците ги кријат емоциите