Според законот за јавна чистота, поставувањето ќумбиња на јавно место, палењето оган и оставањето неред е казниво дело и казната изнесува 50 евра. Овој закон стапи во сила во 2008 година, а од Министерството за транспорт и врски информираат дека од тогаш до сега свеста кај населението се зголемува.Во изјава за Канал 5 телевизија портпаролот на министерството вели дека законот е пропишан со цел да се заштитат јавнте површини и да се зачува хигиената. Законот забранува секаков вид прозиводство вклучувајќи го и ајварот на отворени и јавни површини. Забраната не важи доколку се работи за површини кои се во приватна сопственост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.