| четврток, 6 декември 2018 |

„Путине, ќе го ослободиме Кавказ во името на Алах“

Припадници на „Исламската држава“ преку видео снимка му се заканија на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ги ослободат Кавказ и Чеченија во името на Алах.

На видеото џихадистот зборува од кабината на борбен авион и автомобил на територијата на ИД, на воен аеродром во Табак, сириската покраина Ракот.

Конкретно, тој тврди дека “џихадисти имаат намера да ги ослободат Чеченија и Кавказ по милоста на Алах”. Снимката е придружена со превод на руски јазик.

”Оваа порака е до тебе Путин. Тоа е твој авион кој ти си го испратил на Башар, а ние ќе ти го вратиме. Помни  го тоа! Тронот веќе ти се ниша и е под закана. Тој ќе падне, кога ние ќе дојдеме кај тебе со помош на Алах. Веќе сме на пат со помош на Алах “, вели уште исламистот.

Во записот исламистите исто дека велат дека Башар ал Асад  е свиња и дека наскоро тие ќе пристигнат кај сирискиот претседател со авиони. Покрај тоа, ИД се закани до сирискиот претседател Башар Асад дека ќе  започнат војна со владините сили во воздухот. На крајот на август “Исламската држава”  го зазеде аеродромот во Табак. Во рацете на џихадистите сега има и тешко вооружување, тенкови и авиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top