| четврток, 6 декември 2018 |

Морозов: Русија ќе почне да прави воен сојуз со Кина и со Индија поради заканите на НАТО

Игор Морозов, член на Советот на федерацијата за меѓународни односи изјави дека Русија би требало да основа нов сојуз кој би бил опозиција на НАТО.

-Русија е лидер на безбедноста на поранешниот советски простор и сфаќа дека САД и НАТО ќе продолжат со своите закани, наведе Морозов.

Русија мора да почне да прави воен сојуз поради заканите на НАТО во кој ќе бидат Кина, Индија и други партенри БРИКС, додава членот на Советот на федерацијата.

-Мораме да почнеме на создавање на нов воен сојуз кој ќе биде опозиција на НАТО, да ги привлечеме Кина и Индија и да преговараме со партнерите од БРИКС. Ги разгледуваме можностите и за партнерство со земјите од Латинска Америка, Куба, Аргентина и сите оние кои се плашат од американската експанзија на глобален план, изјави Моротов за „Риа новости“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top