Вчеравечер околу 20.00 часот во струшкото село Радолишта во домот на 63-годишниот Ш.Х., физички се нападнати Ш.Х, И.А.(61) и С.Е.(54) од страна на Б.Х.(34) и Ш.Х.(35), при што со тврд предмет на С.Е. му биле нанесени тешки телесни повреди поради кои бил пренесен во Ургентен центар во Скопје, додека Ш.Х и И.А. се здобиле со телесни повреди.
Од страна на полициски службеници Б.Х и Ш.Х се приведени и задржани во ПС Струга и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


