| четврток, 6 декември 2018 |

Две Македонки се бараат со потерница во Грција

Полицијата во Грција распиша потерница за две државјанки на Македонија, на возраст од 21 и 35-годишна возраст. И двете заедно со нивни пријател ограбиле продавници и локали во северниот дел на Грција, пишува грчкиот дневен весник „Прототема“.

Нивниот 32-годишен шеф од Македонја бил уапсен вчера и е предаден на истражните судски органи во Кукуш.

Тројката од Македонија постојано влегувала во Грција и откако ќе ограбела претходно маркиран објект, веднаш бегала во татковината. Засега за нив се знае дека ограбиле автомобил, две цркви, кафетерија, цвеќарница и продавница за техничка стока.

Вредноста на украдените предмети надминува 8.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top