| четврток, 6 декември 2018 |

Жолта фаза низ цела Македонија

Специјализираниот сајт за информации за екстремни временски услови во Европа „Метеоаларм“ денеска издаде предупредување од жолта фаза за цела Македонија, што значи  временските услови се потенцијално опасни.

Низ целата земја денеска ќе преовладува облачно време што  ќе донесе и значителни врнежи. Локално, особено во јужната половина од земјата се очекува да наврнат и преку 35 литри дожд на еден квадратен метар . Повремено врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи.

Слично време се очекува и во Скопската Котлина. Иако температурата ќе биде повисока од вчера, „Метеоаларм“ предупредува да не преземате ризици и активности без претходно детално да ги проучите временските услови.

ЗВВремето е потенцијално

 

опасно. Прогнозираните временски појави не се вообичаени, но бидете внимателни ако планирате активности изложени на метеоролошки ризици. Информирајте се редовно за очекуваните метеоролошки состојби и не превземајте ризик.ремето е потенцијално опасно. Прогнозираните временски појави не се вообичаени, но бидете внимателни ако планирате активности изложени на метеоролошки ризици. Информирајте се редовно за очекуваните метеоролошки состојби и не превземајте ризик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top