| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот на ЈСП мора да е уреден и да не зборува за политика

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) покрај правилата за однесување на патниците кои повеќе или помалку на сите што се возат со автобус им се познати исто така пропишува и Кодекс на однесување за своите вработени кој го вклучува начинот на облекување, односот кон патниците и професионалниот ангажман.

Па, така еден возач на градски автобус треба да носи деловна облека, која е елегантна и сочинува-костим, комплет или блејзер, здолниште со пристојна должина или пантолони, уредна фризура, дискретна и ненападна шминка и накит или ако е машки возач да биде уредно избричен, пишува „Вечер“.

Секој вработен во ЈСП е должен клиентите да ги опслужува со ведар лик и насмевка. Клиентите треба да ги опслужува со почит и никогаш кон нив не треба да се однесува супериорно, понижувачки или индиферентно.

Исто така, возачот треба да избегнува пред клиентите да врши лични работи, како на пример-да јаде, чита весници или прави маникир. Вработениот е должен да дава точни информации за услугите кои ги нуди претпријатието.

Според Кодексот на однесување вработениот во ЈСП не смее на клиентите да им дава материјали со политичка содржина, ниту да учествува во разговори со политичка конотација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top