Премиерот Никола Груевски не зел поткуп. Главниот сведок на СДСМ Јовица Стефановиќ, познат како Газда Нини, врз чија изјава се градеше случајот на најголемата опозициска партија вели дека тврдењата на Заев и СДСМ дека премиерот зел поткуп за продажбата на Македонска Банка не се точни.
Газда Нини денеска во судот јавно призна дека сите обвинувања на СДСМ за случајот со „Македонска банка“ се невистинити.Тој рече дека ниту го познава, ниту некогаш, за било која тема, разговарал со Никола Груевски. Концизно одговори дека со македонскиот премиер ниту се видел, ниту се слушнал на телефон, а дека со никого и никогаш не договарал поткуп во случајот со „Македонска банка“.
-Нема вистина во тврдењето дека преговарав со Груевски и тој зел поткуп, директно или преку посредни.. Немам со било кого разговарано на таа тема, ниту сум дал поткуп. Бев непријатно изненаден кога ме повикаа да сведочам. Не се познавам ниту со Заев ниту со Груевски. Со премиерот се немам видено никогаш во животот. Ниту за Македонска Банка, сум имал разговор со него и немало потреба за тоа. Акциите беа продаденина берза и може да ги купи кој сака. Си има брокери кои тоа го работат. Продавачот јас не го знам. Јас не знам кој е сопственик на акциите ниту сум можел да знам. Тужителот не го знам, ниту некогаш сум го познавал – рекол Газда Нини.
Политичките експерти велат дека правдата служи како системски коректив и филтер за прочистување од валканите политички води и дека ваквите обвинувања се тажен крај на една политичка кариера.
– Политиката многу често умее да создаде мошне „загаден“ простор во кој, без тронка совест и чест, се исфрлаат разно-разни манипулации, шпекулации, се создаваат или фабрикуваат приказни наменети против угледот и честа на високи политички личности, а се со цел нивно „оцрнување“ пред очите на јавноста, намалување на нивниот политички рејтинг и желбата истите да бидат симнати од власта по секоја цена. И во Македонија постојат бројни структури кои неуморно, 24/7 работат на конструирање „случаи“ во кои централен, главен лик на напад е претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски. За среќа, овие структури, своите „случаи“ ќе треба да ги докажуваат во правниот/судскиот систем на земјата. А токму таму, денес, главниот сведок во случајот „Македонска банка“ јавно негираше пред судот каква било инволвираност, познанство или друг вид на контакт со страните во судскиот спор со што практично станува јасна правната разврска на целиов случај. За среќа, политиката, освен „тежата“ која ја создава и која најчесто знае да биде бескрупулозна и неправедна, има вистинска противтежа во системот, правото и правдата, кои служат како системски коректив и филтер за прочистување од валканите политички води, истакна професорката Татјана Каракамишева Јовановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски